Фулбрајтовата асоцијација со седиште во Вашингтон соопшти дека овогодишен добитник на наградата за меѓународно разбирање е германската канцеларка Ангела Меркел.

Во образложението на Организацијата се наведува дека одлуката за престижната награда ја добива Меркел поради нејзиното „исклучително, сочувствително лидерство и силна посветеност на меѓусебното разбирање, меѓународната соработка и мир“.

Меркел е на чело на германската Влада од 2005 година и е водечки актер на меѓународната дипломатија и во напорите за решавање на кризите во Европа и во светот. Таа најконтроверзна одлука донесе во 2015 година, кога дозволи голем број мигранти да влезат во Германија.

Магазинот „Тајм“ во 2015 година ја прогласи за Личност на годината, а Универзитетот Харвард најави дека таа ќе се обрати на почетокот на следната академска година.

Меркел Фулбрајтовата награда ќе ја прими на церемонија во Берлим на 28 јануари.