Припадниците на руската Федерална служба за безбедност спречиле серија терористички напади во Кабардино-Балкарската Република, каде терористи планирале да кренат во воздух објекти на руските безбедносни структури, пренесува „Спутник“.

Станува збор за два моќни импровизирани експлозивни уреда што припадниците на ФСБ ги деактивирале на лице место бидејќи било премногу опасно да ги префрлаат на безбедна локација.

Бомбите биле пронајдени во населбите Црна Река и Алтуд во урванскиот реон. Руските безбедносни служби успеале да го лоцираат и да го уапсат терористот кој ги направил бомбите, а станува збор за човек кој веќе ѝ бил познат на ФСБ зашто и претходно планирал терористички напади.

Сè уште не е утврдено дали тој оперирал самоиницијативно или соработувал со определени терористички организации. Последната голема операција на ФСБ за фаќање терористи беше во Татарстан, каде што беа уапсени двајца припадници на терористичката ИД кои планирале бомбашки напади во таа република.