Француското обвинителство идентификувало 349 потенцијални жртви на пензиониран хирург осомничен за силување малолетни пациенти во речиси 30 години од својата работа.

– 229 лица се сослушани, од кои 197 поднесоа тужби – изјави државната обвинителка Лорелин Перифит, а пренесува хрватски „Индекс“.

– Станува збор за постапка досега невидена како по начинот на кој се откриени фактите од обвинителството така и по бројот на лица – додаде таа.

Жоел ле Скоурнес (68) е во затвор кога пред две години против него беше поднесена тужба за силување и други полови напади врз четири жртви кои биле малолетни во време на извршување на делото.