Неколку француски новинари се суспендирани или отпуштени откако било откриено дека преку приватна група на Фејсбук координирано малтретирале жени на Интернет. Членовите на групата исмевале жени, вклучувајќи и новинарки, со шеги за силување и монтирани порнографски фотографии. Со реакција се јавиле десетици жени откако групата беше откриена од весникот „Либерасион“.

Меѓу суспендираните новинари е и уредникот на интернет-изданието на „Либерасион“, Аленсадар Херво. Членовите на групата користеле анонимни профили на Твитер за да малтретираат познати новинарки, писателки и активистки. Винсент Глад, познат новинар, кој исто така работел за „Либерасион“, признал дека ја формирал групата во 2009 година. Тој исто така е суспендиран од весникот. Глад преку својот профил на Твитер се извинил, истакнувајќи дека таквите постапки се неприфатливи. И Херво се извини за активностите на групата. „Либерасион“ сега спроведува внатрешна истрага против Херво и Глад. Меѓу новинарките што пријавиле дека биле цел на малтретирање од групата се и Нора Бузуни, Лисил Белан и Мелани Ванга.