Францускиот министер за животна средина Николас Ило денеска соопшти дека поднесува оставка поради недостиг на поддршка од Владата.

Тој образложи дека одлуката, која ја донел синоќа, е резултат на „насобрано разочарување“ поради неадекватните чекори во борбата против климатските промени, одбраната на биодиверзитетот и решавањето на другите закани по животната средина.

Француските медиуми коментираат дека повлекувањето на Ило, еден од најпопуларните членови на кабинетот, претставува сериозен удар за претседателот Емануел Макрон.