Француските власти распоредија силни полициски сили во Париз и користеа солзавец, кога припадниците на движењето „жолти елеци“ се врати по подолго време на улиците на француската престолнина.

Демонстрантите се собраа на два париски плоштада.

Демонстрациите од едната група поминаа без инциденти, но другите беа прекинати откако полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се издвоија од претходно планираната траса. Некои од нив запалија канти за ѓубре.

Полицијата во Париз денеска до 13 часот уапси 154 лица.