Полициските синдикати ги изнесоа своите членови на масовен протест во францсукиот главен град бригадирот Ерик Масон, 36-годишен полицаец беше застрелан за време на операција против нарко-бандите во Авињон на 5 мај, пренесува „Спутник“.

Често критикувана дека е премногу агресивна тактика за време на протестите, француската полиција сега самата повикува на поостри реакции на агресијата со која се соочуваат безбедносните сили. Само во априк еден полицаец беше убиен за време на операција, а една полицајка беше избодена до смрт во тагретиран напад.

– Тоа беше капката што ја прели чашата – вели Станислас Гаудон, шеф на полицискиот синдикат „Алијанса“.

Многу полицајци велат дека имаат малку верба во правосудниот систем дека ќе ги стави криминалците зад решетки и се свесни дека по некое време повторно ќе ги апсат истит лица.

– Уште потешко е да се свари тоа кога жртвата на истите тие криминалци е колега – велат тие.

Клучно барањен демонстрантите е воведување минимална казна за секој што ја напаѓа полицијата, нешто што  францускиот премиер Жан Кастекс им го вети во претходното обраќање.