Официјални претставници на француската армија на карипските острови Мартиник и Гвадалупе објавија дека запленија рекордни 4,2 тони кокаин во блиските води. Вооружените сили на Антилите изјавија дека на рибарски брод во Атлантскиот Океан на 17 јануари пронашле 177 пакети кокаин и уапсиле осум лица.

Властите на островите Мартиник и Гвадалупе, прекуморските територии на Франција, соопштија дека заплената на кокаин е резултат на тесна соработка со неколку земји.