Франција бесплатно ќе им дели таблети со јод на 2,2 милиона луѓе што живеат во близина на нуклеарни централи.

Целта е подобро да се заштитат граѓаните во случај на несреќа.

Покрај тоа, нуклеарниот регулатор на земјата, АСН, објави дека безбедносната зона се шири.

Досега за потенцијално загрозена се сметаше областа на 10 километри од централите, а сега таа се протега на 20 километри од нив.