Касациониот суд во Франција одлучи да му се суди на поранешниот претседател Никола Саркози поради обвинувањата за незаконско финансирање на неговата кампања за претседателските избори во 2012 година. Судот дефинитивно ја отфрли жалбата на Саркози и донесе конечна одлука дека предметот мора да се процесуира, пренесе АП.

Саркози е обвинет дека во предизборната кампања потрошил многу повеќе од со закон дозволените 22,5 милиони евра и дека, кога тоа е откриено, со лажни докази се обидел тоа да го прикрие. По завршувањето на мандатот во 2012 година против Саркози беа водени повеќе истраги поради сомнеж за корупција.