Дестмина вработени на аеродромот во Франкфурт беа полесно повредени денеска, откако се запали возило додека влечело еден авион. 

Причините за пожарот засега не се познати. 

Огнот од возилото предизвикал и оштетувања на пилотската кабина на авионот, кој во моментот бил празен. 

Пожарот не предизвикал проблеми или застој во сообраќајот на аеродромот во Франкфурт, кој е еден од најпрометните во Европа.