Најмалку едно лице загина, а над 400 лица се повредени во протестите против покачувањето на цените на горивото во Франција. Речиси 300.000 лица излегоа на демонстрациите, кои викендов се одржаа во повеќе делови на Франција. Француската влада порача дека нема да ја менува својата фискална и еколошка политика и покрај демонстрациите.