Повеќе стотици демонстранти, инспирирани од француските „жолти елеци“, протестираа во Лондон против владината програма за штедење, која тешко ги погоди сиромашните. Облечени во жолти елеци, на кои пишува „Британија е скршена“, демонстрантите маршираа во Лондон барајќи од политичарите да посветат внимание на нивната сиромаштија, наместо „бесконечно да бидат посветени на спектаклот што го следи брегзит“.