Најмалку 80 лица настрадаа, а над 50 други се повредени, во голем пожар што изби во населба во стариот дел на главниот град на Бангладеш, Дака. Пожарот избил пред полноќ по локално време, кога голем број од станарите веќе спиеле. Прво се запалила една зграда на чие приземје биле складирани хемикалии, а пожарот потоа се проширил во уште три други станбени објекти.