Премиерот на Италија, Џузепе Конте, формираше нова влада, коалиција на популистичкото движење Пет ѕвезди и левичарските демократи.

Во новата влада нема претставници на партијата на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната влада.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матарела му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денес на претседателот му кажа дека успеал.

Првата 14-месечна влада на Конте падна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антимигрантска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да се одржат предвремени избори за тој да стане премиер.