Кинескиот претседател Си Џинпинг се најде на првото место на ранг листата на највлијателни луѓе на планетата, што на својата интернет-страница ја објави американското списание „Форбс“.

Втор на листата е првиот човек на Русија, Владимир Путин, а на третото место е претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во првата десетка натаму следуваат германската канцеларка Ангела Меркел, сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, папата Франциско и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.

На осмото место е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд, девети е индискиот премиер Нарендра Моди, а десетти – Лари Пејџ од Гугл.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон е 12-ти, а британската премиерка Тереза Меј – 14-та.

Иранскиот верски водач, ајатолахит Али Хаменеи е 17-ти, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е на 31-то место, а претседателот на Европеската комисија, Жан-Клод Јункер е 33-ти.

На 36-тото место е севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е 48-ми.

На 73-тата позиција е лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал Багдади.