Новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го одби и четвртиот кандидат за нов комесар предложен од Романија.

Како што пренесуваат романските медиуми, романската премиерка во заминување, Виорика Данчила, вчера предложила поранешниот министер и пратеник Виктор Негреску да ја претставува земјата во новиот состав на Европската комисија, но претседателот Јоханис Клаус прв го искритикува нејзиниот избор.

Тој смета дека администрацијата на Данчила, на која на 10 октомври ѝ беше изгласана недоверба, нема „легитимитет“ да предлага нови кандидати за Европската комисија.