Ураганот Исаја помина преку Бахамите, корнејќи дрва и бандери и продолжува да се движи кон бреговите на Флорида.

Во меѓувреме, Исаја ослабнал и сега е категоризиран како тропска бура, а не ураган.

Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис предупреди дека невремето, како што се движи кон Флорида, веројатно ќе се претвори во ураган.

Локалните власти наредија затворање на плажите, парковите и мобилни клиники за тестирање за ковид-19.

Гувернерот де Сантис апелираше до граѓаните да се снабдат со вода и најави прекини во снабдувањето со електрична енергија.