Финска од утре го презема ротирачкото претседавање со Европската Унија. Ова ќе биде трет пат Финска, по утврдениот распоред, како земја-членка да дојде на челото на Советот на ЕУ.

Финска шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ го презема од Романија, а на 1 јануари во 2020 година, ќе ѝ го предаде на Хрватска.

Пред преземањето на претседатството, Финска најави дека нејзината програма се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа.