Вооружена банда утрово упаднала во банка во Милано преку канализационата мрежа и украла 20 лични сефови, а потоа избегала на ист начин.

Внимателно испланираната операција започнала нешто пред 8.30 часот кога двајца разбојници влегле низ главниот влез на филијалата на „Креди Агрикол“ и впериле пушки кон вработените, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува, потоа двајцата соучесници излегле од отворот на канализацијата во банката, кој бил поврзан со подземниот тунел.

Откако полицијата ја опколила банката, бандата ги зела како заложници управителот и уште еден вработен, додека третиот вработен во банката успеал да избега.

Полицијата ја блокирала областа, по што влегла во банката, но разбојниците го активирале алармот за пожар, што создало конфузија и им дало време да избегаат низ канализацијата, пренесуваат локалните медиуми.

Исто така се наведуваат дека неколку полицајци тргнале да ги гонат низ канализацијата, но разбојниците успеале да се извлечат.

Бандата одзела 20 сефови, но не е познато што имало во нив.