Унгарската владејачка партија Фидеш на премиерот Виктор Орбан денеска испрати писмо во кое наведува дека го напушта европското семејство на десниот центар.

Ова става крај на долготрајниот конфликт во таа група околу обвинувањата за демократските вредности и владеењето на правото во Унгарија.

Во писмото, кое на Твитер го објави потпретседателката на унгарската владејачка партија, Каталин Новак, стои дека Фидеш повеќе не сака да биде членка на Европската народна партија и дека ќе го напушти конзервативното политичко семејство.

– Време е да се збогуваме – напиша Новак, а пренесува агенцијата АП.

Претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск, веднаш одговори: „Фидеш ја напушти христијанската демократија. Всушност, од таму замина пред многу години“.