Австралија одлучи да им стави цена на вестите, а „Фејсбук“ ја шокираше со одбивањето да купи претлата. Австралискиот парламент минатата недела усвои нов закон за медиумите, кој би ги принудил „Фејсбук“ и „Гугл“ да им плаќаат на австралиските медиуми за привилегијата за линкување на нивните вести. „Гугл“ моментно дискутира за условите, додека „Фејсбук“ одлучи веќе да не им дозволува на корисниците од Австралија да објавуваат вести на социјалната мрежа, наведува „Форин полиси“ во написот во кој се изразува согласност со одлуката на „Фејсбук“.

Според блокадата што ја воведува „Фејсбук“, на социјалната мрежа нема да можат да се споделуваат линкови од австралиските медиуми, а корисниците од Австралија нема да можат да гледаат или споделуваат медиумски содржини од австралиски, како и од меѓународни извори.

– Ако Австралијците не сакаат да плаќаат за вестите за нивната држава, тешко дека тоа може да претставува обврска за странските компании, за на нив да им се испорача сметката – пишува американскиот магазин.

Австралиската влада стави всушност стави цена на рекламите на издавачите. Но, наместо тие да му платат на „Фејсбук“ што ја објавува нивната содржина, законот бара „Фејсбук“ да им плати на нив. Разбирливо е што „Фејсбук“ не сака да плати за објавите кои претставуваат реклами за австралиските весници и телевизии. „Фејсбук“ има платени реклами, но не ги пласира директно на вестите кои корисниците ги објавуваат на социјалната мрежа. Медиумите се тие кои имаат корист кога луѓето ги објавуваат линковите од нивните вести на Фејсбук.

Реагирајќи на забраната на „Фејсбук“ за австралиските вести, австралискиот премиер Скот Морисон кажа дека Австралија „нема да биде заплашена од овој силеџиски акт на технолошките гиганти“, но австралиската влада не сака да ја прифати реалноста дека една странска компанија има избор да излезе од нејзиниот национален пазар, наместо да биде цел на новиот данок, се додава во анализата на „Форин полиси“.

Австралискиот премиер сега се обидува да состави меѓународна коалиција што ќе го принуди „Фејсбук“ да плаќа за вестите.