Од компанијата информираа дека новото име ќе го опфати сето она што таа го претставува, додека има амбиции да се прошири во области како виртуелна реалност. Промената не се однесува на поединечните платформи, како Фејсбук, Инстаграм и Вотсап, туку само на компанијата која ги поседува.

Виртуелната реалност е еден од главните поводи за промената на името. „Фејсбук“ веќе го најави развојот на онлајн светот наречен метаверзум, кој треба да биде столб на натамошниот раст на компанијата.

„Фејсбук“ планира да ангажира 10.000 луѓе во Европската Унија за да развие метаверзум, во кој што луѓето можат да работат, комуницираат и играат игри во виртуелно окружување, користејќи уреди за виртуелна реалност. Марк Закерберг верува дека метаверзум ќе допре до милијарда луѓе во следната декада.

Од компанијата кажаа дека новото име подобро ќе го опфати сето она што таа го претставува, додека има амбиции да се прошири во области како виртуелна реалност.