Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да ја искористи можноста да преземе контрола врз Националната гарда во овој момент, изјави дсоветникот за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан, по повод немирите низ САД поради смртта на невооружениот афроамериканец за време на насилно апсење.

„Во моментов нема да ја федерализираме гардата, но доколку е потребно, имаме дополнителни воени сили што можат да бидат распоредени“, изјави О’Брајан додавајќи дека одлуките за воведување ред треба да ги носат гувернерите и градоначалниците.