Федералното истражна биро на САД (ФБИ) издаде предупредување дека руски хакери нападнале стотици илјади рутери во САД, со помош на кои тие би можеле да соберат лични податоци и да исклучуваат интернет мрежи.

ФБИ им порача на сопственици на рутерите да ги вклучат, па исклучат, како и да симнат последна верзија на драјвери, за да се заштитат.

Предупредувањето беше издадено откако Судот му дозволи на ФБИ да ја запленат интернет страницата, за која постои сомнеж дека хакерите сакале да ја искористат при испраќање инструкции на хакираните рутери.

За хакирањето е обвинета руската група „Фенси бер”, позната и како „Софаси“ или „APT28″, која, наводно, е одговорна руската влада.

Оваа група беше обвинета за хакирање и на Националниот комитет на демократите за време на претседателските избори во САД во 2016 година.