Европа една деценија се соочува со економска стагнација и доколку наскоро не се преземат мерки би можела да претрпи и друга, анализира Си-ен-ен.

По десет години од глобалната финансиска криза, европската економија успеа да се опорави, но не и да се прероди. Ниската инфлација, ниските каматни стапки и нискиот раст станаа нормална појава.

Уште една неуспешна деценија ќе ја продлабочи веќе растечката поделба меѓу урбаната и руралната Европа, ќе создаде одбивност за работа кај младите и ќе ја зголеми политичката нестабилност.

Карстен Брзески, главен економист на холандската банка „ИНГ“ во Германија, смета дека тоа би можело дури и да создаде блок од 19 земји кои ја користат евро-валутата.

– Ризикот е висок затоа што ние премногу доцна се освестивме и сфативме дека изгубивме многу време – рекол Брзески.

Експертите велат дека координираното трошење на владите на земјите членки во ЕУ би можело да помогне Европа да излезе од кризната состојба. Но, шансите за се ниски.

– Шансите за координиран, значаен фискален стимул со голем број се многу ниски – констатира тој.

Проблемот е во тоа што политичарите веројатно нема да имаат многу време за губење.

Негативните каматни стапки, исто така, ќе продолжат да ги притискаат банките во Европа, правејќи ги обврзниците сѐ помалку привлечни. Токму сега, на инвеститорите гарантирано ќе загубат пари доколку ги задржат десетгодишните германски обврзници додека не ја зголемат својата вредност.