Конзервативецот Марк Хауптман стана третиот пратеник што поднесе оставка во пратеничката група на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел во врска со скандалот поврзан со набавка на заштитни маски.

Хауптман, пратеник од источната држава Тирингија, рече дека ќе се откаже од своето место во Бундестагот, е потврдено денеска од неговиот кабинет по обвинувањата дека помагал во контактите во Азербејџан во врска со набавката на маски, објави „Ројтерс“.

Претходно, оставка поднесе и пратеникот од партијата на германската канцеларка, Николас Лебел, поради тоа што примил мито за посредување при набавка на маски за локалните власти.

Оставка поднесе и федералниот пратеник на Баварската христијанска социјална унија (ЦСУ), сестринската партија на ЦДУ, Георг Нислејн. Тој е осомничен дека зел 660.000 евра од консултантска компанија за да им помогне на одредени производители на заштитни маски да добијат големи владини налози.