Уште две тела се извлечени од Дунав, со што бројот на настрадани во несреќата по сударот на туристичкиот брод и крузерот во Будимпешта се искачи на 15 лица.

Властите соопштија дека 13 лица уште се водат за исчезнати.

По сударот на туристичкиот брод со крузерот, спасени беа седум јужнокорејски туристи, пренесе „АП“.