Од 1 септември сите – околу 1,1 милиони ученици во Њујорк, секој понеделник на мени во училиштата ќе имаат вегетаријанска храна. Тоа го објави градоначалникот Бил де Блазио.

– Намалување на количината на месо ќе го подобри здравјето на њујорчани и ќе ги намали штетните гасови, смета демократот Де Блазио по повод идејата за „Понеделник без месо“.

Програмата што почна во 15 училиште во Бруклин во Њујорк пред една година, со вегетаријанска храна секој понеделник, ќе биде воведена во целиот училиштен систем.

Во Калифорнија во исто време се размислува на учениците да им се предлага веганско мени.