Еден ученик е ранет денеска при вооружен напад во средното училиште „Шарлот Мекленбург“ во американската сојузна држава Севенра Каролина.

Како што соопшти локалната полиција, извршител на нападот бил ученик во истото училиште, кој пукал од огнено оружје. Напаѓачот набрзо бил совладан и уапсен.

Според полициски извори, ранетиот ученик е пренесен во болница, но засега не е познато „дали е момче или девојка“.

Полицијата информира дека станува збор за „изолиран инцидент“ и дека веднаш по настанот училиштето е затворено, но набрзо наставата продолжила според утврдениот распоред.

Претставник на училиштето изјави дека напаѓачот користел оружје во сопственост на полицаец.

Инцидентот се случил нешто пред 9 часот по локално време (15 часот по средноевропски време).

Во тек е полициска истрага за мотивите за нападот.