Белгискиот премиер Чарлс Мишел за утре свика состанок на земјите на Европската унија во Брисел, кои се „најдиректно засегнати“ од напуштањето на Велика Британија без договор.

Според портпарол на премиерот, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел  се меѓу поканетите на „средбата за координирање“, планирана пред вонредната средба на ЕУ, посветена на Брегзит.

Бројот на учесници се уште се прецизира.