Околу 6,4 милиони Австријци утре ќе гласаат на предвремените парламентарни избори.

Изборите беа распишани откако австрискиот парламент, за првпат во повоената историја, изгласа недоверба во владата.

Пред изборите за Европскиот парламент беше објавена афера во врска со видео снимки од пред две години на кои лидерот на Либералната партија на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе, нуди на роднина на руски милијардер државни функции, во замена за финансиска поддршка на неговата партија.

Објавените материјали доведоа до распад на коалицијата со Народната партија на тогашниот канцелар Себастијан Курц.