Двајца американски војници загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во Авганистан, соопштија од американската војска.

Талибанците тврдат дека тие го урнале хеликоптерот.

Од американската армија наведуваат дека е покрената истрага, истакнувајќи дека првичните извештаи не укажуваат дека во прашање е непријателски оган.

Годинава 19 американски војници беа убиени во Авганистан, додека повеќе од 2.400 Американци загинале во речиси 18-годишната војна.