Американските власти предупредуваат дека поради ударот на ураганот Флоренс на источниот брег на САД би можело да има многу мртви. Според најновите податоци, ураганот однел најмалку четири живота.

Над 600 илјади Американци останале без струја по пристигнувањето на ураганот на брегот, а брзината на ветрот се движи околу 150 километри на час.

Посебен проблем се крадците, кои ја користат ситуацијата и ги ограбуваат куќите на евакуираните. Полицијата уапси неколкумина во округот Брунсвик во Сецерна Каролина.

Си-ен-ен јави дека уште една жена починала во Северна Каролина, откако нејзината куќа била поплавена. Едно лице загина обидувајќи се да вклучи генератор.

Први жртви на ураганот беа мајка и бебе, врз кои паднало дрво, со што засега бројот на жртви изнесува четири.