Во налетот на ураганот Лесли, кој доцна синоќа ја зафати Португалија, повредени се 27 лица, а 60 се евакуирани.

– Повредените не се животно загрозени- изјави претставник на португалската Национална агенција за заштита.     

Лесли, од прва категорија ураган, прерасна во посттропски циклон со ветрови кои дуваат 110 километри на час.

Сепак, државната телевизија РТП јави дека ветровите достигнуваат 170 километри на час во крајбрежниот град Фигуеира да Фоз, кој се наоѓа 200 километри северно од Лисабон.

Метеоролошката служба на Португалија издаде црвен аларм за силни ветрови и опасни временски услови во 13 од 18-те области на копното.