Бројот на загинати на Бахамите по ураганот Доријан се искачи на 30, соопштија официјални лица.

Министерот за здравство, Дуан Сендс, изјави за АП дека очекува тој број да стане значително поголем во наредните денови, како што продолжуваат потрагата и спасувањето.

Сендс рече дека жртвите се од Гранд Бахама и островите Абако.

Ураганот Доријан во неделата ги погоди островите Абако како бура од петта категорија, а потоа и Гранд Бахама како бура од четврта категорија.