Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) соопшти дека денеска доделил пари на речиси 1,5 милиони семејства во Јемен за да го спречи ризикот од глад.

Таа исплата е дел од програмата на Светска банка во износ од 200 милиони долари.

Регионалниот директор на УНИЦЕФ, Гирт Капеларе изјави дека парите стигнале до девет милиони луѓе и дека ќе им овозможи на семејствата да купат храна и лекови за децата, од кои голем број се неухранети.

Тоа е втора од трите исплати, а наредната исплата е планирана за август.

ОН го сметаат Јемен за најголема хуманитарна криза во светот, со 22,2 милиони луѓе на кои им е потребна помош.