Најновото истражување на УНИЦЕФ покажа дека во светот има повеќе од 100 милиони оженети момчиња, а некои од нив стапиле во брак уште пред да наполнат 15 години.

Земја со најголем број оженети момчиња е Централна Африка со 28 отсто, по што следуваат Никарагва и Мадагаскар.

Студијата открива дека момчињата што рано го напуштиле училиштето поради брак стануваат економски ограничени и имаат проблеми со менталното здравје.

Исто така во моментов во светот има повеќе од 700 милиони оженети момчиња и девојки, објавија медиумите.