Парламентарни избори се одржуваат денеска во Унгарија, на кои право на глас имаат околу 8,3 милиони избирачи.

Унгарците треба да ги изберат 199-те членови во унгарскиот Парламент. Од вкупниот број пратеници, 106 ќе бидат избрани според мнозинскиот модел, а 93 според пропорционалниот.

Според последните анкети на јавното мислење, спроведени во пресрет на парламентарните избори, се очекува коалицијата на конзервативната полулистичка партија Фидес – Унгарска граѓанска алијанса на Орбан и на Христијанско демократската народна партија (КДНП) да освои меѓу 49 и 51 отсто од гласовите.