Новоназначената претседателка на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска го предложи поранешниот унгарски министер за правда, Ласло Трошањи за комесар за соседска политика и проширување на ЕУ.

Таа денес ги објави задачите што му ги доделила на својот тим комесари.

Сите кандидати за комесари ќе треба да минат низ разговори со релевантните комитети на Европскиот парламент, а ЕП ќе гласа за Комисијата како целина пред 1. ноември, кога официјално започнува мандатот.

Функцијата комесар за соседска политика и проширување досега ја извршуваше Јоханес Хан.