Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени ја погоди денеска североисточната индиска држава Асам, објави индиската сеизмолошка служба.

Засега нема извештаи за повредени или предизвикана штета.

Епицентарот на земјотресот забележан е во округот Кокрајхар на длабочина од 13 километри.

Тресењето на тлото се почувствувало во целиот регион, како и во источните држави, вклучително и Западен Бенгал и Бихар, наведуваат медиумите.