Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала минатата ноќ го погоди југозападниот дел на Мексико, соопшти мексиканската Национална сезимолошка служба.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 56 километри северозападно од градот Ометепека во мексиканската сојузна држава Гереро.

Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Потресот го активирал алармот за предупредување од земјотреси во Мексико Сити, поради што голем број граѓани во паника ги напуштиле своите домови, иако тој речиси и да не се почуствувал во градот.