Невреме и обилни дождови предизвикаа излевање на реката Севесо во Милано, поради што поплавени се улиците во една миланска населба.

Тоа предизвика и неколкучасовни прекини на струјата.

Реката Севесо почна да се излева во областа Нигуарда на северот на Милано, ноќеска околу 3 часот, а невремето и поплавувањето траело до 5 часот, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека нивото на реката Ламбро исто така расте.

Улиците во населбата Нигуарда се поплавени и жителите останаа без електрична енергија.