Фото: Илустрација

Гинеколог од Украина е осомничен дека на порнографски страници на интернет продал десетици снимки од неговите голи пациентки.

Тој бил пријавен во полиција од една од нив, која на порнографска страница наишла на снимка од нејзиниот гинеколошки преглед. Полицијата прво го испитала гинекологот Вјачеслав Триполко, а потоа во неговата клиника во Одеса пронашла скриени камери.
Лекарот во полиција рекол дека минатото лето во неговата клиника бил инсталиран нов алармен систем и дека тогаш веројатно некој друг ги поставил камерите. Но, некои од видеата од неговите пациентки се појавиле на интернет пред да биде инсталиран новиот аларм.

Олег Лукјанчук, раководител на болницата во која се наоѓа гинеколошката клиника на Триполко, рекол дека кога слушнал што се случува, на почетокот мислел се шегуваат со него.

– Загрозен сум, како граѓанин и како лекар – изјавил Лукјанчук.

Против докторот е покрената истрага и доколку биде прогласен за виновен за производство и дистрибуција на порнографија, се соочува со максимална казна од седум години затвор, пренесува „Дејли мејл“.

Гинекологот Триполко не е задржан во притвор додека трае истрагата, но му е откажан закупот на клиниката и му е одземена лиценцата.