Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, ја објасни стратегијата во три чекори на украинските власти за враќање на Крим.

Кулеба вели дека на оваа тема разговарал со претставникот на претседателот во Република Крим, Антон Кореневич, и дека со него развива стратегија, концепт и визија за окупираниот Крим.

– Првата задача е да го задржиме окупораниот Крим на стратешкиот дневен ред, за ова прашање да не се заборави. Второ е да обезбедиме ефикансост на санкциите против Крим. Трето е да утврдиме кои дополнителни меѓународни институции можеме да ги привлечеме за да извршиме притисок врз Русија – прецизира тој.

Кулеба напомена дека потојат уште неколку задачи, од кои стратешка е како Крим да биде вратен во составот на Украина.

– Апсолутно сум уверен дека тоа ќе се случи. Тоа не е дипломатска фантазија туку сосем прагматична пресметка – рече Кулеба и додаде дека тим од украинското Министерство за надворешни работи и други институции во земјата работат на тој план.

Крим влезе во составот на Русија во март 2014 година со референдумот одржан по државниот преврат во Киев. За обединување со Русија гласаа 96,77 отсто од гласачите на Република Крим и 95,6 отсто од жителите на Севастопол.

Украина и натаму го смета Крим за своја привремено окупирана територија.