Украина денеска и забрани на руската новинска агенција Риа Новости работа на своја територија, како дел од новите санкции воведени за Москва, една недела по апсењето на директорот на агенцијата во Киев под обвинение за „велепредавство“.

Риа Новости и Интерселект, компанијата што ги води бизнисите на агенцијата во Киев, се сместени на три години на црната листа на Националниот совет за безбедност и одбрана, објавена на интернет страницата на кабинетот на украинскиот претседател.

Санкциите опфаќаат блокада на имотот, на телекомуникациите со кои се користи агенцијата и украинските мрежни страници на Риа Новости.

Руското Министерство за надворешни работи изрази запрепастеност од одлуката.