Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, изјави дека 44 земји и меѓународни организации одлучиле да му се придружат на Киев како коосновачи на Кримската платформа, која треба да биде пеомовирана на 23 август.

„Денеска ги објавувам учесниците на самитот на Кримската платформа. Ова се 44 земји и меѓународни организации. Заедно со Украина, тоа го прави 45 учесници “, рече Кулеба на брифингот.

Кримската платформа беше иницирана од украинскиот претседател Владимир Зеленски за да ги координира глобалните напори за враќање на Крим под јурисдикција на Украина. Платформата треба да биде промовирана на на т.н. самит за инаугурација на 23 август.

Коментирајќи ја претстојната средба иницирана од Киев, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека Западот продолжува да го негува неонацистичкото и расистичкото чувство кај актуелната украинска влада.