Украинскoто државно истражно биро покрена 11 кривични постапки против поранешниот претседател Петро Порошенко и против други високи државни функционери, пренесува „Спутник“.

Според директорот на бирото, Роман Труба, Порошенко, меѓу другото, е обвинет за затајување данок на сума од 300 милиони долари при продажбата на ливницата „Кузња на Рибаљском“.

Труба истакна дека на Порошенко му била испратена покана за информативен разговор, но посочи дека поранешниот претседател не се одзвал на поканата.

Медиумите пренесуваат дека по тој повод се огласил и адвокатот на Порошенко, Игор Головањ, кој рекол дека Порошенко не ја добил поканата за информативен разговор во истражното биро.

– Дури и ако стигне поканата, Порошенко нема да оди зашто е зафатен со предизборната кампања за претстојните парламентарни избори во Украина – истакна Головањ.

Тој апелираше до државните органи да ги одложат сите процеси против Порошенко до 21 јули, кога ќе се одржат изборите.