Кримското Обвинителство, ентитет во рамките на украинското Јавно обвинителство, отвори кривична истрага во врска со првиот патнички воз од Санкт Петербург до Севастопол, кој помина низ теснината Керч преку кримскиот мост и пристигна на Крим, информира Обвинителството на својот канал на „Телеграм“.

– Обвинителството на Автономната Република Крим отвори кривично дело во врска со нелегалното преминување на државната граница на Украина со патнички воз од Санкт Петербург до Симферопол, преку мостот Керч – се вели во пораката.

Канцеларијата на обвинителот го осуди пуштањето на руската железничка служба преку кримскиот мост како незаконско.

– Ваквите активности на окупаторската држава се очигледно кршење на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина и покажување непочитување на заедничките принципи и норми на меѓународното право – изјави украинското Обвинителство.

Во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин ја отвори железничката пруга на мостот преку теснината Керч, а украинското МНР испрати протестна нота до Русија поради ова. По државниот удар во Украина во февруари 2014 година, властите во Крим и Севастопол одржаа референдум, на кој 96,7 отсто од жителите на Крим и 95,6 отстои од гласачите на Севастопол избраа да се отцепат од Украина и да ѝ се приклучат на Русија. Осумдесет отсто од гласачкото тело учествуваше на референдумот.

Рускиот претседател го потпиша договорот за повторно обединување на 18 март 2014 година, а Советот на Федерацијата (горниот дом на рускиот парламент) го ратификува на 21 март. И покрај резултатите од референдумот, Киев, заедно со повеќе претежно западни земји, одби да го признае Крим како дел од Русија.

Во 2014 година ЕУ воведе санкции против Русија поради настаните во Украина и Крим и постојано ги проширува и продолжува.