Канцеларијата на украинското обвинителство и безбедносната служба побараа иранските власти да ги предадат црните кутии од соборениот украински авион на Киев.

Еден украински службеник за безбедност неодамна изјави дека истакнат ирански иследник се очекува наскоро да ја посети Украина.

Тој треба да процени дали украинската лабораторија е погодна за декодирање на црни кутии, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, шефот на киевскиот Истражувачки институт за форензичка експертиза Александар Рувин рече дека црните кутии ќе бидат декодирани во Украина и дека тоа ќе го стори група на меѓународни експерти.

По враќањето од Техеран, Рувин рече дека процесот на декодирање на црните кутии ќе започне на 20 јануари, пренесува ТАСС.